Back

Вебинар “Рационално емотивна и когнитивно бихејвиорална терапија (РЕ&КБТ) за анксиозни и депресивни состојби кај деца и адолесценти”

ден650.00

Вебинар  “Рационално емотивна и когнитивно бихејвиорална терапија (РЕ&КБТ) за анксиозни и депресивни состојби кај деца и адолесценти”

Цена: 650 денари

Формат: Видео снимка

Целна група: Општа

Обучувач: Проф. д-р Ленче Милошева 

Времетраење: 3 часа 

Сертификат: Електронски (PDF*) 

 

*Со купување на вебинарот видео снимката, материјалите и дигиталниот сертификат ќе ви пристигнат најдоцна за 24 часа на вашата e-mail адреса, доколку истите не ги добиете во наведениот рок обратете се кај нашата служба за техничка поддршка на 070688885

Вебинар  “Рационално емотивна и когнитивно бихејвиорална терапија (РЕ&КБТ) за анксиозни и депресивни состојби кај деца и адолесценти”

Целна група: Општа

Обучувач: Проф. д-р Ленче Милошева 

Времетраење: 3 часа 

Сертификат: Електронски (PDF*) 

Котизација : 650 денари 

Цели на вебинарот:

Учесниците на вебинарот ќе добијат проширени знаења кои ќе им помогнат во полесно идентификување на анксиозните и депресивните состојби во развојните периоди на детство и адолесценција;
Ќе добијат поширока слика за улогата на разни фактори во етиологијата и третирањето на анксиозните и депресивни состојби кај деца и адолесценти;
Ќе се запознаат со разни техники и примери од клиничка пракса кои се применуваат во РЕБТ & КБТ психотерапевтската пракса во работа со деца и адолесценти, како и за апликативните можности во образовната пракса;

Вебинарот ќе биде  поделен на три сесии со мали паузи помеѓу секоја од сесиите :

Сесија 1

  • Воведниот дел од вебинарот ќе биде посветен на теоретската рамка и основните карактеристики на РЕБТ, како една од доминантните во КБТ психотерапиите и нејзината ефикасност при третман на анксиозни и депресивни состојби кај деца и адолесценти. Ќе бидат претставени развојните специфики во периодот на детство и адолесценција и типичните ментални проблеми во овие развојни периоди, со посебен акцент на анксиозните и депресивни растројства според когнитивно бихејвиоралните модели.

Сесија 2

  • Во вториот дел од вебинарот од развојно психопатолошка перспектива ќе се зборува за стравовите и анксиозните растројства во развојните периоди на детство и адолесценција. Ќе бидат презентирани РЕБТ искуства од клиничката пракса со практични совети за родители и наставници.

Сесија 3

  • Во текот на третата сесија од вебинарот фокусот ќе биде на развојно психопатолошката перспектива на депресивните растројства и суицидот. Ќе бидат презентирани РЕБТ искуства од клиничката пракса со практични совети за родители и наставници.
    Дискусија и резиме.

Вебинарот ќе биде во времетраење од 3 ипол часа со пауза помеѓу сесиите. 

Сите учесници ќе се стекнат со сертификат за успешно учество на вебинарот. 

За следење на семинарот ќе ви биде потребна стабилна интернет врска,

компјутер/лаптоп или паметен телефон.

За сите дополнителни информации ви стоиме на располагање

во секое кое време на 078 296 885.