Добро дојдовте на веб платформата Einstein Open Academy која е во сопственост на Друштво за трговија, услуги и производство АЈНШТАЈН ДООЕЛ Скопје. Со нејзино користење Вие се согласувате со Условите на употреба (дефинирани подолу). Ве молиме прочитајте ги внимателно. Ако имате некои прашања обратете ни се преку е-поштата info@edukacija.com.mk или на телефонскиот број +38970688885.
Овие Услови на употреба се последно обновени на 10.01.2022
ПРИФАЌАЊЕ НА УСЛОВИТЕ НА УПОТРЕБА
Друштво за трговија, услуги и производство АЈНШТАЈН ДООЕЛ Скопје, ја поседува и менаџира веб платформата www.edukacija.com.mk и нејзините мобилни апликации и верзии. Со употреба на оваа платформа и неговите услуги Вие се согласувате со Условите на употреба. Исто така се согласувате и со нашата Политика за приватност и заштита на лични податоци и се согласувате дека повремено ќе ги посетувате Условите на употреба за да сте во тек доколку истите претрпат измени.
Политиката за заштита на лични податоци заедно со овие Услови на употреба, збирно се нарекуваат Услови на употреба.
АКО НЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО ОВИЕ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА, ВЕДНАШ ПРЕСТАНЕТЕ ДА ЈА КОРИСТИТЕ ВЕБ ПЛАТФОРМАТА И НЕ ГИ КОРИСТИТЕ УСЛУГИТЕ КОИ ГИ НУДИ EINSTEIN OPEN ACADEMY И НЕ ВРШЕТЕ КУПУВАЊА НА УСЛУГИ КОИ СЕ НУДАТ ПРЕКУ ПЛАТФОРМАТА.
Условите на употреба се организирани на следниот начин: Платформата, целата содржина на истата и инфраструктурата која се користи за да ја направи веб платформата достапна се во сопственост на Друштвото за трговија, услуги и производство АЈНШТАЈН ДООЕЛ Скопје. Со користење на оваа веб платформа крајниот корисник и со согласување со сите правила и услови изнесени во продолжение на овој текст (a) Einstein Open Academy ви овозможува лимитирана, лична, непреносилва, не-ексклузивна лиценца за да ја користите веб платформата во согласност со овие Услови на употреба и со сите дополнителни политики и правила поставени од Einstein Open Academy; и (б) се согласувате дека нема да ја репродуцирате, дистрибуирате, пренесувате, препродавате било која содржина, софтвер или производи или услуги добиени преку веб платформата без претходно одобрување од страна на Друштвото за трговија, услуги и производство АЈНШТАЈН ДООЕЛ Скопје. Како предуслов за користење на платформата Einstein Open Academy, Вие се согласувате дека: Einstein Open Academy (EOA) го задржува правото да одбие давање на услуга или пристап на платформата или на профилот на било кое лице, во било кое време поради било која причина. Крајниот корисник признава дека иако интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на Einstein Open Academy (EOA), и Einstein Open Academy (EOA) не е одговорен за кои било податоци изгубени додека се врши пренесување на информација преку Интернет. Иако цел на Einstein Open Academy (EOA) е да биде достапен 24 часа на ден, 7 дена во неделата, платформата може да е недостапна од време на време поради било каква причина, вклучувајќи, без ограничување, рутински одржувања. Вие разбирате и признавате дека во зависност од околностите, во рамките и надвор од контрола на Einstein Open Academy (EOA), пристапот до веб страницата може да биде прекинат или суспендиран од време на време. Einstein Open Academy (EOA) има право во секое време да го промени или прекине било кој аспект или функција на платформата, вклучувајќи, но не и ограничено на, содржина, часови на достапност и опрема потребна за пристап или употреба на платформата. Einstein Open Academy (EOA) го задржува правото во било кое време да го прекине или измени било кој аспект од Условите на користење и/или од Политиката за заштита на лични податоци како што смета дека е неопходно или пожелно. Таквите промени може да вклучуваат, меѓу другото, додавање на одредени такси или давачки. Ако Einstein Open Academy (EOA) прави било какви суштински промени, ние ќе ве известиме со испраќање на e-mail на e-mail адресата која е регистрирана со вашиот профил и/или со објавување на известување за промена на веб-сајтот. Било какви промени на овие Услови на користење ќе стапат на сила откако претходно ќе ве известиме со испраќање на e-mail до Вас или претходно објавиме известување за промените на нашиот сајт. Ако не се сложувате со промените можете да го избришете Вашиот профил без било каков надоместок и да не ги користите во иднина услугите на платформата по промената на условите. Секое користење на платформата од страна на крајниот корисник ќе се смета дека претставува прифаќање од страна на крајниот корисник на тие измени. Можете да регистрирате и одржувате само еден профил на веб платформата за лична употреба. Вие сте одговорни за обновување на податоците во Вашиот профил. Како дел од измените на Вашиот профил имате опција да: промените, зачувате или избришете било какви лични информации од профилот или да се отчлените од добивање промотивни е-маил пораки. Вие знаете и се согласувате дека Einstein Open Academy (EOA) нема никаква одговорност за било каков инцидент кој може да произлезе од или е поврзан со Вашиот профил. Само Вие сте одговорни за одржување на безбедноста на Вашиот профил. Ние ќе претпоставиме дека било кое лице кое ја користи платформата преку Вашиот профил сте Вие. Се согласувате дека единствено вие сте одговорни за било која активност која се случува на или со Вашиот профил. Вашиот профил може да биде отстранет заедно со Вашите средства кои се наоѓаат на него ако истиот не го одржувате со тековни податоци. Вашиот профил не е пренослив. Не смеете да го споделите или продадете со/на друго лице. Било кое непочитување на овие Услови на Употреба може да доведе до негово исклучување без претходно известување. Исклучен или отстранет профил ги губи купените курсеви, без разлика дали се започнати. Сите интеракции на платформата мора да се во согласност со овие Услови на Употреба. Доколку забележиме дека Вашето однесување му попречува или му забранува на било кој друг корисник да го употребува било кој дел од платформата, може да го ограничиме Вашиот пристап и користење на платформата. Следните активности се забранети на платформата и означуваат кршење и непочитување нанУсловите на Употреба: Поставување било каква содржина на платформата која: – Ги крши применливите закони (вклучувајќи, но не ограничено на: закони за интелектуална сопственост, закони кои се однесуваат на заштита на лични податоци и закони кои се однесуваат на клевета); – Содржи лични податоци, освен ако ние јасно не побараме од вас такви информации; – Содржи вируси или лош софтвер кој може да наштети; – Нуди преземање на заштитени, доверливи или лични податоци; – Има ефект на наметнување на другите; – Содржи пораки од неовластени лица од Einstein Open Academy (EOA) , кои наводно зборуваат во име на Einstein Open Academy (EOA) или даваат доверливи информации поврзани со Einstein Open Academy (EOA) ; – Намерно е несоодветна, претставува измама, или фалсификува податоци; или – Е заштитена со авторски права, трговска марка или било кој друг тип на интелектуална сопственост без јасна изречита согласност од сопственикот на авторското право, трговската марка или друга интелектуална сопственост Обидот да се направи или всушност да се направи било што од следното: – Пристапување до податоци кои не се наменети за вас, како и логирање на сервер или профил која не се овластени за пристап; – Скенирање или следење на платформата со цел собирање на податоци, во обид да се прати продажбата, користењето, агрегирани информации за понудите, информации за цените или слични податоци; – Скенирање или тестирање на безбедноста или конфигурацијата на платформата или да се прекрши безбедноста или мерките за автентикација; или – Мешање во употребата на платформата на било кој корисник на било кој начин, вклучувајќи, без ограничување, по пат на поднесување на вирус на платформата обид да се направи преоптоварување со "спам", или да се направи прекин на платформата. Употреба на било кое од следното: – Рамки (анг. frames), техники на рамки (наг. framing techniques) или технологија на рамки (анг. framing technology) да се прикаже или открие било која содржина од платформата без наша писмена дозвола; – Било која содржина од платформата, вклучувајќи без ограничување Кориснички содржини (дефинирано подолу), во било кои мета таговите или било кој друг ;скриен текст; техники и технологии без наша писмена дозвола; – Платформата или било која негова содржина за да се рекламира или дистрибуира, за комерцијални, политички или верски цели или да се натпреваруваат, директно или индиректно, со Einstein Open Academy (EOA); или – Платформата или било кој од нејзините ресурси за да придобие корисници, трговци или други трети страни да станат корисници или партнери на други онлајн или офлајн услуги директно или индиректно конкурентни или потенцијално конкурентни со Einstein Open Academy (EOA), вклучувајќи, без ограничување, собирање тековни или претходно понудени понуди. Собирање на било кои од следните наведени работи: – Содржина од платформата, вклучувајќи, но не и ограничена на тековните или претходните понудени промотивни понуди на платформата и потоа прикажување на корисниците на таква содржина на било кој начин со цел да се пренасочат корисниците од платформата кон трета страна, без наша писмена дозвола; – Лични податоци (дефинирани во Политиката за заштита на лични податоци), Корисничка содржина или содржина од било кој корисник или Продавач. Вклучување во било која од следните активности: – Упаѓање или попречување на правилното функционирање на кој било дел, страница или област на платформата или на било кои функции или услуги обезбедени од страна на Einstein Open Academy (EOA); – Преземање било каква акција што создава прекумерна побарувачка за нашите услуги или наложува, или може да наметне, неразумно или несразмерно големи оптоварувања на нашите сервери или други делови од нашата инфраструктура; – Препродавање на било кои купувања направени преку платформата; – Пристапување, следење или копирање на било која содржина од платформата, користење на било кој "робот", "пајак", или други автоматски средства или било кој рачен процес за било каква цел, без нашa писмена дозвола; – Поврзување до платформата од било кој друг веб-сајт/платформа без наша почетна и тековна согласност; или – Дејствување незаконски или злонамерно против бизнис интересите или угледот на Einstein Open Academy (EOA). Сериозно ја сфаќаме безбедноста на Вашите лични податоци. Ве охрабруваме внимателно да ја прегледате Политиката за заштита на лични податоци за да се информирате за важни правила под кои ние може да собираме, користиме и споделуваме лични податоци. Нашата политика за заштита на приватност е содржана во овие Услови на употреба, а истата може да ја пристапите тука. Со купување или добивање на било која понуда од платформата, Вие се согласувате со овие Услови на употреба, вклучувајќи ги и Условите на купување, достапни тука. Платформата содржи заштитен материјал, авторски права, трговска марка и други сопственички информации, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на текст, софтвер, слики, видео, графика, музика и звук. Се што се наоѓа на оваа платформа Einstein Open Academy (EOA) е во ексклузивна сопственост на Друштвото за трговија, услуги и производство АЈНШТАЈН ДООЕЛ Скопје. Einstein Open Academy (EOA) има авторско право над селекцијата, одбирање, координацијата или модификација на содржината како и во содржината која оригинално ја поседува. СЕКОЕ КОПИРАЊЕ, ДИСТРИБУИРАЊЕ, ПРЕНЕСУВАЊЕ, ПОСТИРАЊЕ, ПОСТАВУВАЊЕ ЛИНКОВИ, МОДИФИЦИРАЊЕ, УЧЕСТВУВАЊЕ ВО ПРОДАЖБА, ИЛИ НА ДРУГ НАЧИН МОДИФИЦИРАЊЕ НА ОВАА ПЛАТФОРМА ИЛИ НЕКОЈА ОД МИКРОСТРАНИТЕ, ИЛИ НА БИЛО КОЈ ДРУГ НАЧИН КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНАТА, ДЕЛУМНО ИЛИ ЦЕЛОСНО БЕЗ ИЗРЕЧНА ПИСМЕНА ДОЗВОЛА ОД ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ДИСЛЕКСИЈА АЈНШТАЈН СКОПЈЕ Е СТРОГО ЗАБРАНЕТО. Секое прекршување на оваа политика може да резултира со прекршоци на авторските права, трговската марка или друга интелектуална сопственост и може да го доведе крајниот корисник до граѓански и/или кривични казни. Einstein Open Academy (EOA) е заштитена трговска марка на Друштвото за трговија, услуги и производство АЈНШТАЈН ДООЕЛ Скопје. Сите права во однос на оваа марка се задржани. КРАЈНИОТ КОРИСНИК ЕКСПЛИЦИТНО СЕ СОГЛАСУВА ДЕКА КОРИСТЕЊЕТО НА ОВАА ПЛАТФОРМА Е ПОД НЕГОВА ОДГОВОРНОСТ. НИТУ Einstein Open Academy (EOA) , НЕГОВИТЕ ПОДРУЖНИЦИ, НИТУ НИВНИТЕ ВРАБОТЕНИ, АГЕНТИ, ПРОДАВАЧИ, ДАВАТЕЛИ НА УСЛУГИ, СОРАБОТНИЦИ, ПРОВАЈДЕРИТЕ НА СОДРЖИНА ИЛИ ДАВАТЕЛИ НА ЛИЦЕНЦА ИЛИ НЕКОЈ ОД НИВНИТЕ ВРАБОТЕНИ, ДИРЕКТОРИ, АГЕНТИ, НЕ ГАРАНТИРААТ ДЕКА КОРИСТЕЊЕТО НА ПЛАТФОРМАТА ЌЕ БИДЕ НЕПРЕКИНАТО, БЕЗГРЕШНО, БЕЗ ВИРУСИ ИЛИ БЕЗ ГРЕШКИ; НИТУ ПАК ГАРАНТИРААТ ЗА (А) РЕЗУЛТАТИТЕ, КОИ МОЖАТ ДА СЕ ДОБИЈАТ ОД УПОТРЕБА НА ОВАА ПЛАТФОРМА, ИЛИ БИЛО КОЈА МИКРОСТРАНА, ИЛИ ЗА (Б) ОВАА ПЛАТФОРМА И ЦЕЛАТА НЕГОВА СОДРЖИНА, КОРИСНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ И ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОНУДИТЕ Кога ја користите платформата или испраќате електронски (е-маил) пораки до Einstein Open Academy (EOA), Вие комуницирате со нас по електронски пат и се согласувате да примате електронски пораки од нас во врска со Вашата употреба на платформата. Ние ќе комуницираме со Вас преку е-маил или преку поставување нотификации или коментари на платформата. Вие се согласувате дека сите спогодби, забелешки или друга комуникација која ви е пренесена по електронски пат ги задоволува правните закони и барања како да е пренесена во писмена форма и може да послужи како веродостоен доказ. Известувања од нас ќе се сметаат за уредно доставени на денот на испратената електронска порака од наша страна, на Вашата е-маил адреса која сте ја оставиле на Вашиот профил или сте ни ја дале низ друга форма на комуникација со Вас. Се согласувате да го браните и заштитите Einstein Open Academy (EOA) и неговите вработени лица, директори, агенти од сите обвинувања и трошоци, вклучително и адвокатски трошоци кои произлегуваат од или се поврзани со: (а) било кој курс кој сте го купиле од платформата, (б) било која содржина поставена од Вас, поврзана со платфорамата или било кое користење на платформата кое ги прекршува овие Услови на употреба, (в) измама која сте ја направиле Вие или (г) прекршување на било кои Закони на Р.М или странски закони или права на трети лица. Einstein Open Academy (EOA) нема да се смета за одговорен за функционирањето на платформата во согласност со овие Услови на употреба, до степен до кој истото е предизвикано или одложено, делумно или целосно како резултат на настан или серија на настани кои се предизвикани од: (а) временски непогоди или други дејствија на природата или виша сила, (б) војна, тероризам, граѓански нереди или револуции, (в) ембарго или карантин, (г) штајкови, (д)грешка или прекин на компјутерски храдвер, мрежи или софтвер или (ѓ) друго.
1. Сопственост на веб платформата
2. Употребување на платформата
3. Пристап до платформата
4. Измена на Условите на користење
5. Вашиот профил
6. Кодекс на однесување на крајниот корисник
7. Вашата приватност
8. Услови на купување
9. Авторски права и трговска марка
10. Општи услови за гаранција
11. Електронска комуникација
12. Надоместок на штети/ослободување
13. Виша сила