
Учесниците на вебинарот ќе имаат можност да дознаат повеќе во специфичностите и предизвиците на семејствата кои имаат дете со посебни потреби. Ваквите знаења ќе им бидат особено значајни во зацврстување на тријадата наставник – дете – родител, а со тоа и подобрување на квалитетот на работа. Вебинарот ќе содржи и работилници во кои ќе се разработуваат проблеми од пракса.
Вебинарот ќе биде поделен на три сесии и тоа :
Сесија 1
Воведниот дел од вебинарот ќе биде посветен на специфичностите на семејствата со дете со посебни потреби: раѓање на детето и негово прифаќање во семејниот систем, како и ефектот на потребите на детето врз членовите на семејството.
Сесија 2
Во вториот дел од вебинарот ќе се зборува за стресот и семејното функционирање, резилиентноста и согорувањето на семејните членови, како и системите на поддршка (формална и неформална) на овие семејства.
Сесија 3
Во текот на третата сесија ќе се разработат алатки за ефективна комуникација и методи за работа со родители на дете со посебни потреби. Практични совети за работа со семејства со деца со посебни потреби во училиштата и градинките.
Вебинарот ќе биде во времетраење од 3 часа со пауза помеѓу сесиите.
Сите учесници ќе се стекнат со сертификат за успешно учество на вебинарот.