
Вебинар “Работа со родители на деца со посебни потреби”

Со купување на вебинарот ќе имате можност да дознаете повеќе за специфичностите и предизвиците на семејствата кои имаат дете со посебни потреби. Ваквите знаења ќе им бидат особено значајни во зацврстување на тријадата наставник – дете – родител, а со тоа и подобрување на квалитетот на работа. Вебинарот содржи и работилници во кои ќе се разработуваат проблеми од пракса.
Вебинарот е поделен на три сесии и тоа :
Сесија 1
Воведниот дел од вебинарот е посветен на специфичностите на семејствата со дете со посебни потреби: раѓање на детето и негово прифаќање во семејниот систем, како и ефектот на потребите на детето врз членовите на семејството.
Сесија 2
Во вториот дел од вебинарот се зборува за стресот и семејното функционирање, резилиентноста и согорувањето на семејните членови, како и системите на поддршка (формална и неформална) на овие семејства.
Сесија 3
Во текот на третата сесија се разработуваат алатки за ефективна комуникација и методи за работа со родители на дете со посебни потреби. Практични совети за работа со семејства со деца со посебни потреби во училиштата и градинките.
Вебинарот е во времетраење од 4 часа со пауза помеѓу сесиите.
Секој купувач ќе се стекне со дигитален сертификат за успешно учество на вебинарот.
1 Comment