
Вебинар “Дислексијата: препознавање, стратегии и решенија”

Главниот бенефит за учесниците од овој вебинар ќе биде можноста да се запознаат со природата на дислексијата со што суштински ќе ги разберат тешкотиите на оние кои се соочуваат со оваа состојба. Овој вебинар ќе ви овозможи да ги надградите вашите знаења со палета од практични совети за помош на учениците со дислексија. Дополнително, учесниците ќе го збогатат своето знаење за тоа како да се изгради самодовербата и мотивацијата кај учениците со дислексија. Алатките на Рон Дејвис за корекција на дислексијата со кои ќе ги научат учесниците ќе ви бидат од голема корист при индивидуална работа учениците со дислексија.

Во првиот дел на вебинарот е објаснета природата на дислексијата како различен начин на процесирање на информациите според теоријата на РонДејвис. Посебен фокус е ставен на причините за различноста и на главните вродени карактеристики на сите оние кај кое е препознаена дислексијата , карактеристики кои воедно се дарба и пречка при вообичаениот начин на образование.

Во втората сесија од вебинарот ќе се запознаете со оние знаци според кои можете да ја препознаете дислексијата. Препознавањето е првиот чекор на освестување на проблемот по што следат начини за корегирање на состојбата. Во овој дел од вебинарот ќе бидат опфатени и сличностите и разликите меѓу дислексијата и останатите состојби кои предизвикуваат тешкотии во учењето како што се дискалкулијата, АДХД , дисграфија и диспраксија.

Третиот дел од вебинарот се фокусира на практични совети за наставници, родители и сите оние кои работат со лица со тешкотии во учењето. Во оваа сесија ќе се запознаете и со начините како да ја подигнете самодовербата и мотивацијата како клучни фактори за психичкиот развој на децата кои тешко се прилагодуваат на вообичаениот начин на образование.

Практични вежби – “ Да им дадеме живот на пишаните зборовите“
Вебинарот e во времетраење од 4 часа со пауза помеѓу сесиите.
Сите учесници ќе се стекнат со сертификат за успешно учество на вебинарот.