
Вебинар “Актуелно овде и сега анксиозност и како да се справиме со неа”

Главниот бенефит што го добиваат учесниците на овој интерактивен вебинар е :
- Повисокото ниво на информираност за анксиозноста,
- Зголемување на свесноста на учесниците за проблемите кои ги предизвикува живеењето со анксиозност.
- Учесниците на работилницата преку лично доживување ќе ги научат основните механизми за справување со анксиозноста.
Вебинарот ќе биде поделен на две сесии и тоа :
Сесија 1 ( 1 час и 20 минути)
- Што е анксиозност?
- Како да се препознае анксиозноста?
- Видови на анксиозност.
- Што се случува во телото на личноста кога чувствува анксиозност?
- Колку лековите помагаат во лечење на анксиозноста.
- Кои се последиците по менталното и физичкото здравје и функционирањето на личноста во социјалната средина кога личноста има анксиозност?
- Колку често лицата со дислексија страдаат од анксиозност?
Сесија 2 (1 час и 20 минути)
- Како да се справиме со анксиозноста?
- Невропласичност – способност на мозокот да се обнови себе си. Мозокот се менува така како што ние го користиме. Учењето на нови вештини и знаења создава нови врски/линкови во мозокот што е камен темелник за градење на механизми за справување со анксиозноста.
- Како да научиме нови техники и вештини да се справиме со анксиозноста.
- Овој дел ќе биде интерактивен во кој учесниците ќе можат да добијат основа за градење на сопствени механизми за справување со анксиозноста.
Вебинарот е во времетраење од 3 часа .
Со купување на вебинарот ќе се стекнете со дигитален сертификат за успешно учество на вебинарот.