
Вебинар “Како до инклузивно училиште за учениците со аутистичен спектар на нарушување”

Вебинарот е наменет за поширок аудиториум, вклучувајќи теми кои ќе им користат на родителите, просветните работници, студентите, стручните соработници, воспитувачите и сите заинтересирани граѓани.
Вебинарот е во времетраење од 4 часа и поделен на три блокови и тоа :
Блок 1 Аутистичен спектар на нарушување
Карактеристики на деца со АСН
Разлики помеѓу деца со типичен развој и деца со АСН
Сензорна интеграција
Блок 2 Ученици со аутистичен спектар на нарушување
Адаптација на училницата за потребите на учениците со АСН
Изработка на дидактички материјали
Стратегии за работа со ученици со АСН
Развивање на вештини за социјална интеракција
Сексуално образование кај ученици со АСН
Блок 3 Инклузивна култура и практика
Креирање инклузивна клима
Родители како партнери во процесот на образованието
Вебинарот е во времетраење од 4 часа со пауза помеѓу сесиите.
Секој купувач ќе се стекне со дигитален сертификат за успешно учество на вебинарот.