
Вебинар „Стратегии и техники за подобро воспитание во училиштето и семејството„

Како родители и како наставници сме сведоци на целосно занемарувањене на воспитната мисија на училиштата, што многу негативно се рефлектира врз младите во нашето општество. Причините за занемарувањето на воспитната компонента произлегуваат од два фактори. Од една страна семејството, кое се повеќе нема време за своите деца, а од друга страна училиштето- односно наставниците со се помал авторитет и дигнитет во опшетството, многу често се насочени кон остварување само на образовната компонента, што подразбира пренесување на знаења, факти и информации.
За да ја промениме состојбата, треба да ја менуваме свеста на нашите наставници дека колку што образуваат, толку треба и да воспитуваат, или поконкретно, воспитно да делуваат. Семејството и училиштето треба взаемно да си помогнат за правилно воспитување на децата и младите кое станува с`e поголем проблем од загрижувачки размери.
Вебинарот е биде поделен на два модули и тоа :
Модул 1
- Драстично опаѓање на воспитанието во училиштето и семејството како да ги научиме децата на вредности? Идентификување на причини и давање на можни решенија за подобрување на состојбата преку презентирање на конкретни примери и студии на случаи од наши училишта)
Модул 2
- Запознавање со современата воспитна техника Рестутуција- која успешно може да се користи како во училиштето, така и во семејството (карактеристики, бенефит и примена преку конкретни примери ).
Бенефити на учесниците од вебинарот:
Низ конкретни примери, ќе се обучи наставниот кадар и стручната служба за поефикасно и поуспешно остварување на воспитната мисија во рамките на училиштето посебно на полето: врсничко насилство, деца од дисфункционални семејства, ученици кои предизвикуваат дисциплински проблеми и сл.
Низ конкретни и практични примери родителите ќе бидат во можност да применуваат педагошки стратегии и техники за успешно воспитно делување во рамките на семејството, но да станат и посвесни за потребното внимание кое треба да им го пружаат на децата дома.
Вебинарот е биде во времетраење од 3 часа со пауза помеѓу сесиите.
Сите учесници ќе се стекнат со сертификат за успешно учество на вебинарот.