
Вебинар “Развој на психолошка резилиентност и нејзино значење во одржување на менталното здравје на децата и адолесцентите”

Преку овој вебинар учесниците ќе стекнат нови и ќе ги освежат постоечките знаења во врска со развојот и значењето на стимулирањето и одржувањето на психолошката резилиентност во детството и адолесценцијата, со цел одржување на добро ментално здравје во овие два многу динамични и важни развојни периоди.
Вебинарот ќе биде во времетраење од 4 часа и поделен на четири блока со мали паузи помеѓу секој од блоковите :
Блок 1⃣
Во воведниот дел од вебинарот опфаќа се она што се се подразбира под психолошка резилиентност, кои се нејзините компоненти, што е до сега познато од релевантните истражувања и зошто е важна за оптималното функционирање на поединецот во текот на различни возрасни периоди.
Блок 2⃣
Во вториот дел од вебинарот се зборува за тоа како се развива резилиентноста во детството и адолесценцијата и како е поврзана со одржувањето на нивното ментално здравје.
Блок 3⃣
Во текот на третата сесија од вебинарот фокусот е на специфични активности/начини како резилиентноста да се стимулира во овие конкретни развојни периоди.
Блок 4
Дискусија и резиме.
Цената на вебинарот изнесува 600 денари.
Сите учесници ќе се стекнат со сертификат за успешно учество на вебинарот.