
Вебинар “Рационално емотивна и когнитивно бихејвиорална терапија (РЕ&КБТ) за анксиозни и депресивни состојби кај деца и адолесценти”

Цели на вебинарот:
Учесниците на вебинарот ќе добијат проширени знаења кои ќе им помогнат во полесно идентификување на анксиозните и депресивните состојби во развојните периоди на детство и адолесценција;
Ќе добијат поширока слика за улогата на разни фактори во етиологијата и третирањето на анксиозните и депресивни состојби кај деца и адолесценти;
Ќе се запознаат со разни техники и примери од клиничка пракса кои се применуваат во РЕБТ & КБТ психотерапевтската пракса во работа со деца и адолесценти, како и за апликативните можности во образовната пракса;
Вебинарот е поделен на три сесии си тоа :
Сесија 1
- Воведниот дел од вебинарот е посветен на теоретската рамка и основните карактеристики на РЕБТ, како една од доминантните во КБТ психотерапиите и нејзината ефикасност при третман на анксиозни и депресивни состојби кај деца и адолесценти. Ќе бидат претставени развојните специфики во периодот на детство и адолесценција и типичните ментални проблеми во овие развојни периоди, со посебен акцент на анксиозните и депресивни растројства според когнитивно бихејвиоралните модели.
Сесија 2
- Во вториот дел од вебинарот од развојно психопатолошка перспектива се зборува за стравовите и анксиозните растројства во развојните периоди на детство и адолесценција. Презентирани се РЕБТ искуства од клиничката пракса со практични совети за родители и наставници.
Сесија 3
- Во текот на третата сесија од вебинарот фокусот е поставен на развојно психопатолошката перспектива на депресивните растројства и суицидот. Презентирани се РЕБТ искуства од клиничката пракса со практични совети за родители и наставници.
Дискусија и резиме.
Вебинарот е во времетраење од 3 ипол часа .
Сите учесници ќе се стекнат со сертификат за успешно учество на вебинарот.