Вебинар „Индивидуалниот Образовен План – „жив документ“ и практична алатка во наставата„

Цел на вебинарот: Академскиот развој и прогрес понекогаш значи излегување надвор од рамките и ѕидовите на традиционалната училница. Индивидуалниот образовен план е клучен елемент во спороведување на настава и инструкции кои ќе бидат достапни за сите деца без разлика на нивните стилови и разлики во учењето. На овој вебинар ќе погледнеме малку подлабоко во значењето на ИОП-от како практична алатка со која се олеснува наставата и за учениците, но и за наставниците. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со потребните чекори за реализација на еден практичен образовен план за ученици со различни специфични тешкотии. Индивидуалниот образовен план не е само документ кој стои во досието на ученикот, туку е „жив“ документ кој расте, се развива и менува онака како што се развива детето. На овој вебинар одблиску ќе ги погледнеме составните делови на ИОП-от, тимот кој е потребен за да се изработи истиот, оработката со родителите и имплементацијата во пракса.
Вебинарот ќе биде поделен во 4 сесии и тоа:
Сесија 1 – ИОП и инклузија
• Претставување
• Вежба: Ние и Тие
• Поимите: инклузија, интеграција, исклучување и сегрегација. Зошто се значајни?
• Што всушност е ИОП?
• Кому му е потребен ИОП?
• Како да преознаеме кога детето има потреба од ИОП?
• Кои се следните чекори и што може ние како наставници да направиме.
Сесија 2 – Деконструкција на ИОП
• ИОП на Хартија наспроти ИОП во пракса
• Реализација на чекорите пред ИОП.
• Обработка на Чекор 1, Чекор 2 и Чекор 3
• Вежба: Профил на дете. Што сега?
Сесија 3 – Имплементација на ИОП во училница
• Кој треба да биде вклучен во тимот за изработка на индивидуалниот образовен план.
• Соработка со родителите како клучна алка во инклузивниот синџир
• Акомодации според специфична тешкотија
Дислексија
Аутистичен спектар
АДХД/АДД
Сесија 4 – Затворање на вебинарот
• Дискусија
• Прашања и одговори
• Евалуација
Обучувач на вебинарот ќе биде Катерина Николовска- Координатор на центарот за специфично учење во QSI, International School of Skopje; Академски терапевт за јазик и говор и едукативен терапевт .
Прочитај повеќе за обучувачот тука.