
Вебинар “Инклузивно образование за учениците со интелектуална попреченост”

Интелектуалната попреченост претставува најтежок и најгорлив проблем во инклузивното образование не само поради самата тежина и специфичност на проблемот туку и поради неговата се поголема распространетост во образованиот систем како најчеста попреченост воопшто.
Затоа и целта на оваа обука односно вебинар е наставниците и стручните служби да добијат основни и неопходни информации и инструкции за карактеристиките, едукацијата, индивидуалната работа и третманот на учениците со интелектуална попреченост. Посебен акцент ќе се стави на улогата на наставникот и стручниот тим ( специјалниот едукатор и рахабилитатор, педагог и психолог) во текот на самата едукацијата
Вебинарот е поделен на три сесии и тоа :
Сесија 1
- Дефинирање на поимот интелектуална попреченост со фокус на социјалната адаптација. Класификација и распространетост на интелектуалната попреченост.
- Едукацијата на учениците со интелектуална попреченост во посебните и редовните основни училишта.
Сесија 2
- Карактеристики на учениците со интелектуална попреченост со посебен осврт на емоциите, памтењето, мислењето, вниманието, однесувањето, играта и сл.
- Прилагодување на планот и програмот за работа кон можностите на учениците кои ги имаат потешкотиите врз основа на нивните карактеристики и самата процена од инклузивниот тим.
- Улога на наставникот, специјалниот едукатор (дефектолог) и стручниот/инклузивен тим во процесот на едукацијата на учениците со интелектуална попреченост.
Сесија 3
- Работа со родителите на учениците со интелектуална попреченост
- Соработка со стручните служби надвор од училиштето.
- Прашања и дискусија за посочената проблематика.
Низ вебинарот не води еден од најистакнатите професори од областа на специјална едукација и рехабилитација проф. д-р Горан Ајдински од Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет Скопје.
Прочитај повеќе за обучувачот тука.
Вебинарот ќе биде во времетраење од 3 часа со пауза помеѓу сесиите.
Сите учесници ќе се стекнат со сертификат за успешно учество на вебинарот.