
Вебинар “Дислексија: практични методи и техники по Британски модел ”

Главниот бенефит за учесниците од овој вебинар ќе биде надградба на нивните знаења со палета од практични совети за помош на учениците со дислексија од различни училишни групи. Тие исто учесниците за прв пат ќе имаат можност да се запознаат како им се помага на студентите со дислексија во високото образование во Обединетото Кралство. Дополнително, учесниците ќе го збогатат своето знаење за тоа како да се изгради самодовербата и мотивацијата кон учењето кај учениците и студентите со дислексија и колку дислексијата се состои од многу позитивни, а не само негативни карактеристики како што вообичаено се мисли.

Во првиот дел на вебинарот се претставени различни техники, методи и практични совети кои се применуваат за децата со дислексија во основните училишта. Обучувачката посветува посебен фокус за тоа колку е важно да се изгради самодовербата кај децата со дислексија и како да се одржи мотивацијата кон учењето.

Во втората сесија од вебинарот се опфатени проблемите со кои се соочуваат децата со дислексија во средното образование и ќе претстават практични совети и методи за како да им се помогне на учениците со дислексија во средните училишта.


Последната сесија од вебинарот е посветена на тоа колку е важно дислексијата и другите невролошки различности (neurodiversities) да се претставуваат како различен начин на размислување, а не како недостаток.
Вебинарот е во времетраење од 4 часа со пауза помеѓу сесиите.
Секој купувач ќе се стекне со дигитален сертификат за успешно учество на вебинарот.