Вебинар “Карактеристики на деца со оштетен вид”

Главниот бенефит на учесниците од овој вебинар ќе биде надградба на нивните знаења со палета од практични совети за помош на учениците со оштетен вид кои своето образование го следат во редовните училишта. Дополнително, учесниците ќе го збогатат своето знаење за тоа како да се пристапи кон лице со оштетен вид, како да се адаптира средината во која функционира едно лице со оштетен вид, како да се адаптираат наставни материјали, како се прилагодуваат активности и сл.