“ Јас сум почетник во професијата НАСТАВНИК. Слушајќи ги вашите вебинари станав подобар наставник, а што е поважно подобар човек, подобар пример за моите ученици. Секое искуство е добредојдено, а вашите вебинари се повеќе од тоа. ”
Testimonials
- Home
- Testimonials
Марија Мостро
“Сум посетила многу семинари, но како наставник, а воедно и родител на дете со дислексија искрено тврдам дека вашите семинари ми го променија животот. Како наставник – да ги разберам децата во училница, како родител да се смирам дека моето дете ќе биде добро.
После вашите семинари мојата Ана ја засака својата дислексија!
„Мамо види,што направив!“ Тоа само дислексичари го можат! ”
Дарко Русевски
“ Ајнштајн- очилата за проценка и поддршка на ученикот се многу прецизни, обуките инспирираат за понатамошно продлабочување во “софтверот” на ученикот како и негово подесување на највисоки перформанси. Секоја минута помината на обуките ми е многу значајна и е спој од посветеност, напорна работа и желба за подобрување на состојбите во образованието. Ви благодарам што постоите! ”