Back

Вебинар “Развој на психолошка резилиентност и нејзино значење во одржување на менталното здравје на децата и адолесцентите”

ден850.00

Вебинар “Развој на психолошка резилиентност и нејзино значење во одржување на менталното здравје на децата и адолесцентите”

Цена: 850 денари 

Формат: Видео снимка

Целна група: Општа

Обучувач: Проф. д-р Ана Фрицханд

Времетраење: 4 часа 

Сертификат: Електронски (PDF*)

 

*Со купување на вебинарот видео снимката, материјалите и дигиталниот сертификат ќе ви пристигнат најдоцна за 24 часа на вашата e-mail адреса, доколку истите не ги добиете во наведениот рок обратете се кај нашата служба за техничка поддршка на 070688885

Вебинар “Развој на психолошка резилиентност и нејзино значење во одржување на менталното здравје на децата и адолесцентите”

Датум: 06-ти ноември 10 часот

Платформа: ZOOM

Обучувач: Проф. д-р Ана Фрицханд

Времетраење: 4 часа

Сертификат: Електронски (PDF*)

Котизација : 650 денари 

Преку овој вебинар учесниците ќе стекнат нови и ќе ги освежат постоечките знаења во врска со развојот и значењето на стимулирањето и одржувањето на психолошката резилиентност во детството и адолесценцијата, со цел одржување на добро ментално здравје во овие два многу динамични и важни развојни периоди.

Вебинарот ќе биде во времетраење од  4 часа и поделен на четири блока со мали паузи помеѓу секој од блоковите :

Блок 1⃣

Во воведниот дел од вебинарот ќе се опфати што се се подразбира под психолошка резилиентност, кои се нејзините компоненти, што е до сега познато од релевантните истражувања и зошто е важна за оптималното функционирање на поединецот во текот на различни возрасни периоди.

Блок 2⃣

Во вториот дел од вебинарот ќе се зборува за тоа како  се развива резилиентноста во детството и адолесценцијата и како е поврзана со одржувањето на нивното ментално здравје.

Блок 3⃣

Во текот на третата сесија од вебинарот фокусот ќе биде на специфични активности/начини како резилиентноста да се стимулира во овие конкретни развојни периоди.

Блок 4

Дискусија и резиме.

Котизацијата за учество на вебинарот изнесува 650 денари.

Сите учесници ќе се стекнат со сертификат за успешно учество на вебинарот. 

За следење на семинарот ќе ви биде потребна стабилна интернет врска,

компјутер/лаптоп или паметен телефон.

За сите дополнителни информации ви стоиме на располагање

во секое кое време на 078 296 885.