
Главната цел на обуката е учесниците да добијат општи познавања за Еразмус + програмата и клучната акција 1 (вклучувајќи ги сите под-акции кои се однесуваат на образовни институции, стручно образование, возрасни и млади).
Обуката ќе биде во времетраење од 3 часа поделена во 3 сесии:
Сесија 1
Првата сесија ќе се однесува на општи информации за проектен менаџмент и имплементација на проекти, конкретни знаења за Еразмус + програмата, структура на програмата, приоритети на програмата, кој може да аплицира, предуслови за аплицирање, пронаоѓање на партнерски институции, платформа за аплицирање и начин на аплицирање и сл.
Сесија 2
Во втората сесија ќе се запознаеме конкретно со можностите за аплицирање во клучната акција 1, како и со сте од акции во оваа програма поединечно (рокови за аплицирање, начин и правила на аплицирање во секоја под акција)
Сесија 3
Последнат а сесија ќе биде наменета за практични примери за проекти од програмата Еразмус + клучна акција 1, како и стекнување знаења за процесот на пополнување на апликација.
Сите учесници ќе се стекнат со сертификат за успешно учество на вебинарот.