
Вебинар “Проактивни родители – успешни и среќни деца”

Пандемијата и целата ситуација со коронавирусот може да предизвикаат различни чувства кај луѓето, како анксиозност, стрес, несигурност… Овие емоции можат во голема мера да влијаат на најмалите, кои со овие емоции се справуваат поинаку од возрасните, особено ако детето се соочува со затворено училиште, откажани редовни активности, одвојување од другачињата и слично. Затоа, во овој момент, најважно за вашето дете е да се чуствува сакано и поддржано повеќе од кога и да било.
„Треба да запамтиме дека возрасните се оние кои го возат автомобилот, а децата се само патници. Патниците треба да се чуствуваат безбедно во рацете на оној кој управува со автомобилот.“
Вебинарот е поделен во 4 сесии и тоа:
Сесија 1: Како да станете најдобриот родител што можете да бидете?
• Воспитување здрави деца
• Градење релации
Сесија 2: Животот е избор: Тие одлучуваат, но вие водите
• Вообичаени грешки што понекогаш ги прават родителите
• Како родителите поттикнуваат 10 клучни позитивни однесувања кај децата
Сесија 3: Не оставајте на случајност: Вежбајте проактивно родителство
Сесија 4: Седум навики на успешните деца
Вебинарот е во времетраење од 4 часа.
Сите учесници ќе се стекнат со сертификат за успешно учество на вебинарот.