
Вебинар „Терапија со игра – Play therapy”

Целта на вебинарот е запознавање со видовите на игра и развојните фази во кои се јавува, значењето на играта за поттикнување на оптимален развој на децата и искористување на нивните потенцијали, но и за детерминирање на отстапките во развојот, емоционалните и проблеми во однесувањето, прилагодување на играта на возраста и потребите на децата, видови на терапија со игра, примена на терапијата со игра.

Класификации и видови на детска игра;
Подготовка на теренот за игра и избор на соодветни играчки;
Играта како медиум за развој и играта како алатка за проценка и интервенција;
Директивна и недирективна терапија со игра;
Практични примери и работилници за примена на терапија со игра;
Придобивки од терапија со игра.
Вебинарот е во времетраење од 4 часа со пауза помеѓу сесиите.