
Онлајн конференција “Домашната Vs. Меѓународната паракса за дислексија”

Целта на конференцијата е подигнување на свеста за дислексијата како специфична состојба која предизвикува потешкотии во учењето и овозможување на дијалог со властите за започнување на процеси кои ќе водат кон создавање на инклузивно општество за учениците со дислексија.
Свои говори на оваа конференција имаат:
• Проф. м-р Даниела Де Силва– Советник за специфични тешкотии во учењето на Westminster Универзитетот во Лондон
Тема: Дислексијата во Обединетото кралство
• Проф. д-р Александра Каровска Ристовска – Институт за специјална едукација и рехабилитација при УКИМ
Тема: Дислексијата во високото образование
• Д-р. сци. Силвана Филипова – Директорка на Завод за рехабилитација на слух говор и глас
Тема: Како државните здравствени институции се грижат за учениците со дислексија
• Катерина Николовска – дислексија терапевт во QSI International School of Skopje
Тема: Вклученоста на стручните лица за дислексија во секојдневниот образовен процес
• Славица Тасевска Николовска – Тренер за дислексија по методот на Рон Дејвис
Тема: Дислексијата низ призма на родителите
• Дамјан Николовски – Претседател на Здружение за дислексија АЈНШТАЈН
Тема: Подготвеноста на институциите да ги преземат потребните чекори за учениците со дислексија