
Вебинар ”Инклузивна училница во пракса”

Овој вебинар претставува едукативно – практичен настан каде што учесниците имаат можност да се запознаат со одблиску со инклузијата како појава за која што сме законски задолжени да ја применуваме во образовните процеси. Обучувачот Катерина Николовска е истакнат практичар во областа на инклузијата и низ голем број на практични примери, методи и стратегии ќе им понуди на учесниците применливо знаење во секојдневната работа со учениците со посебни образовни потреби .
Вебинарот е во времетраење од 3 часа поделен во 4 сесии:
Сесија 1 – Инклузија
- Неуродиверзитет
- Историја на инклузијата
- Предности и недостатоци
Сесија 2 – ИОП – Индивидуален образовен план
- Што е ИОП и кога се применува?
- Процес на креирање на ИОП
- Практична примена во училница
Сесија 3 – Инклузивна учлница во пракса
- Практични примети и методи
- Пристапот на рабитилници
- Стратегии за различно однесување
Сесија 4 – Резиме и дискусија
Сите учесници ќе се стекнат со сертификат за успешно учество на вебинарот.