
Бесплатен хуманитарен вебинар “Основи на дислексија” 🇹🇷 🇸🇾

Се наоѓаме во време кога е навистина важно да ја покажеме нашата хуманост и солидарност за населението кое беше погодено од катастрофалниот земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија. 🇹🇷 🇸🇾
Токму затоа Здружението за дислексија Ајнштајн ви го најавува бесплатниот хуманитарен вебинар “Основи на дислексија”.
📅 20-ти февруари, 2023 година
🕙 18 часот
💻ZOOM
⚠Вебинарот е целосно бесплатен, а право на учество на истиот ќе имаат сите заинтересирани граѓани кои ќе приложат доказ за извршена парична донација преку телефонскиот број 143-400 (Телеком и А1) или преку уплата во банка.
⚠️ Како да се пријавите?
Сите заинтересирани учесници потребно е да го пополнат образецот за пријавување даден на линкот подолу и при самото пополнување на истиот да го прикачат доказот за извршената донација.
https://forms.gle/hwdzriwTHR3wnhre9
Доколку некој не успее доказот (скриншот/принтскрин) или пак уплатата во банка да ги прикачи во самиот формулар, истиот може да го испрати на viber или whatsapp на следниот телефонски број 070688885.
➡️ Програмата на вебинарот е поделена во два дела и тоа:
Дел I: Препознавање на дислексијата
• Што претставува дислексијата
• Знаци за препознавање на дислексијата
• Адаптација на училишната средина кон потребните на учениците со дислексија
Дел II: Психолошки последици кај децата со дислексија
• Психолошки влијанија од дислексијата
• Што чувствуваат децата со дислексија
• Како да се надминат емоционалните потешкотии кај оние кои се соочуваат со дислексијата
👨🏫Предавач на вебинарот ќе биде Дамјан Николовски – Претседател на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН.
💻 Овој вебинар ќе се спроведе онлајн преку платформата ZOOM. Сите пријавени учесници, најдоцна еден ден пред почетокот на настанот, ќе добијат линк преку кој ќе можат да се приклучат на вебинарот.
❓ За дополнителни информации и прашања можете да се обратите на следнава е-маил адреса: info@disleksija.org.mk или на телефонскиот број 070 688 885.
Да ја покажеме нашата хуманост!!!
Се гледаме на 20-ти февруари!
Вашите Ајнштајнци