
Обука за подготовка на Еразмус+ проекти – Клучна акција 2

Главната цел на вебинарот е учесниците да добијат општи познавања за Еразмус + програмата и клучната акција 2 (вклучувајќи ги сите под-акции кои се однесуваат на образовни институции, стручно образование, возрасни и млади).
Обуката ќе биде во времетраење од 3 часа поделена во 3 сесии:
Сесија 1
Првата сесија се однесува на општи информации за проектен менаџмент и имплементација на проекти, конкретни знаења за Еразмус + програмата, структура на програмата, приоритети на програмата, кој може да аплицира, предуслови за аплицирање, пронаоѓање на партнерски институции, платформа за аплицирање и начин на аплицирање и сл.
Сесија 2
Во втората сесија се запознаеме конкретно со можностите за аплицирање во клучната акција 2, како и со сте од акции во оваа програма поединечно (рокови за аплицирање, начин и правила на аплицирање во секоја под акција, подготовка на проектни резултати, тренинг, настани за дисеминција, раководење со проектен менаџмет и сл.)
Сесија 3
Последната сесија е наменета за практични примери за проекти од програмата Еразмус + клучна акција 2, како и стекнување знаења за процесот на пополнување на апликација
Обуката е во времетраење од 3 часа .
Сите учесници ќе се стекнат со сертификат за успешно учество на обуката.