
Вебинар “Дисхармоничен развој кај децата и основи на психомоторна реедукација”

Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со различните облици на дисхрамоничен развој кај децата, но и ќе се стекнат со знаења како да им помогнат на децата со дисхармоничен развој. Основниот тип на поддршка за деца со дисхармоничен развој е третманот на движење или реедукација на психомоторните вештини. Учесниците ќе добијат основни инструкции за да разберат како психомоторнатареедукација како го поттикнува развојот на децата.
Вебинарот е во времетраење од 3 часа и поделен во две сесии преку кои се опфатени следните теми:
Сесија 1
- Дисхармоничен развој – Клинички слики (дислексија, дисграфија, дискалкулија, развојна дисгнозија и диспраксија, дисортографија, тикови и пореметувања на психомоториката
- Дете со потешкотии во учењето во градинка и училиште
Сесија 2
- Што е психомоторнареедукација (третман со движење)?
- Резиме и дискусија
Целна група:
Логопеди, специјални едукатори и рехабилитатори, воспитувачи, наставници, негователи, психолози, педагози и родители.
Вебинарот е во времетраење од 3 часа со пауза помеѓу сесиите.
Секој купувач ќе се стекне со дигитален сертификат за успешно учество на вебинарот.