Дефинирање на дислексијата
Дислексијата претставува потешкотија во читањето и пишувањето и покрај нормалната интелигенција, добриот вид и слух, адекватната мотивација, и соодветни едукативни и социоекономски услови. Всушност дислексијата е состојба при која постои голема разлика помеѓу веќе постоечкото ниво на читање и она кое што се очекува во однос на менталната возраст. Постојат многу дефиниции за тоа што значи дислексијата. И покрај недостатокот на консензус во врска со дефинициите за дислексијата, повеќето дефиниции се слични една на друга.
Ова поглавје од модул 1. ги разгледува различните дефиниции кои постојат за состојбата дислексија. Низ самата разновидност на дефиниции воведени од различни истражувачи, формалните дефиниции за дислексијата се од страна на посебни групи со исти интереси како што се: Британската асоцијација за дислексија, Светската федерација на невролзи и сл.