Тимот на Einstein Open Academy во последните шест години преку Здружението за дислексија Ајнштајн спроведе голем број на едукативни семинари, вебинари и обуки на кои што свое учество земаа над 7.000 наставници, родители, педагози, психолози, логопеди, специјални едукатори и многу заинтересирани граѓани. Нашата визија се стреми кон создавање на инклузивно општество за лицата со потешкотии во учењето.
За креирање на инклузивно општество најважна е едукација на наставниот кадар, педагошко психолошките служби во училиштата, стручните соработници и родителите. За таа цел тимот на АЈНШТАЈН за вас ја карираше и првата онлајн академија Einstein Open Academy EOA која ќе нуди широк спектар на онлајн курсеви и вебинари за надградба на вашите знаења и вештини.