
Вебинар “Сензомоторен развој кај децата”

На вебинарот ќе имате можност да се запознаете со фазите и карактеристиките на типичниот сензомоторен развој кај децата почнувајќи од нивното раѓање, да се стекнете со знаење за рано препознавање на предупредувачките сигнали за дисхармоничен развој во областа на моториката и сензорната интеграција, како и примена на многу нови практични методи и вежби за стимулација на оптимален сензомоторен развој кај децата.
Вебинарот ќе ги опфати следните теми:
- моторен развој по месеци и години;
- црвени знаменца за моторен развој и скали за проценка;
- сензорна интеграција;
- проблеми во сензорна интеграција;
- стимулативни вежби за моторен развој;
Предавач на истиот ќе биде проф. д-р. Оливера Рашиќ Цаневска од Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот Факултет Скопје.