Back

Славица Тасевска Николовска е основач и претседател на Здружението за дислексија АНШТАЈН во периодот од 2013 до 2015 година. Таа е еден од најистакнатите практичари за корекција на состојбите кои предизвикуваат специфични потешкотии во учењето во нашата држава. Зошто и како се одлучува да ја започне кариерата во оваа област можете да дознаете од нејзината лична приказна.

Мојата приказна – и книгата што ми го промени животот

Јас сум Славица Тасевска Николовска , дипломиран градежен инженер со богата кариера зад себе во областа на инвестициите во градежништвото.

Можеби ви звучи чудно, но јас ја сменив мојата професија во една сосема спротивна насока која го измени мојот живот во позитивна смисла. Ваквите промени не беа случајни. Проблемот со кој се соочивме во семејството го диктираше мојот поинаков професионален развој.

Имено, кога моето трето дете појде на училиште , забележавме дека тој има тешкотии во совладување на основните вештини за читање и пишување и покрај тоа што тој е бистро, досетливо и интелигентно дете.

И покрај напорите што ги вложувавме во семејството и напорите што ги вложуваа стручните лица од областа на педагогијата и логопедијата, тешкотиите останаа и во третото одделение. Институциите не ми дадоа одговори зошто моето дете не може да чита.

Почнав да истражувам и ги открив симптомите на дислексија кај моето дете. Кога проблемот беше лоциран требаше да се најде решение и пристап за корегирање на ваквата состојба.

Прочитај повеќе