Back

Проф. д-р Горан Ајдински е роден на ден 13. VI 1968 год. во Скопје. Основно и средно медицинско училиште има завршено во Скопје. По отслужувањето на воениот рок, се запишал на Дефектолошкиот факултет – група ментална ретардација на Универзитетот во Белград (учебна 1988/89).

Дипломирал на Дефектолошкиот факултет во Белград на 1. XI 1992 год. Истата година се запишал на последипломски студии на групата за ментална ретардација, а ги завршил со одбрана на магистерска работа под наслов „Рано откривање, дијагноза и третман како претпоставка за успешна рехабилитација на ментално ретардираните лица“ на 16. XII 1994 год. и се стекнал со научен степен магистер по дефектолошки науки. 

Во периодот 1993-1995 работел како наставник во ПОУ „Д-р Златан Сремац“ за ученици со лесни пречки во психичкиот развој, во Скопје. 

Во почетокот на 1995 година бил избран и се вработил како помлад асистент на студиите по дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје. Во текот на 1996 година бил избран во звањето асистент (по предметите Структурална дефектологија и Методика на ран третман и предучилишно воспитание на децата со пречки во развојот). Докторската дисертација под наслов „Карактеристики во развојот на лесно ментално ретардираните ученици во однос на постигнатиот успех на училиште“ ја одбрани на ден 13. VI 1998 год. на Дефектолошкиот факултет во Белград и се стекнал со научен степен доктор по дефектолошки науки. 

Во звањето доцент е избран во текот на месец февруари 1999 година по предметите Структурална дефектологија и Дефектолошка дијагностика. Во декември 2003 година е избран во звањето вонреден професор по предметите Основи на дефектологија, Структурална дефектологија и Дефектолошка дијагностика. Во ноември 2008 е избран во звањето редовен професор по научните области: општа дефектологија, олиогофренологија и дефектолошка дијагностика. 

Во периодот 2001-2005 година бил раководител на Институтот за дефектологија. 

Во периодот 2005-2009 година бил раководител на Советот на последипломски студии на Институтот за дефектологија. 

Во периодот 2009-2017 година ја вршеше функцијата Декан на Филозофскиот факултет во Скопје. 

Добитник е на државната награда „Св. Климент Охридски„ 8 декември 2015, во областа на образованието. 

Член е на комисијата за меѓународна соработка на Филозофскиот факултет. Го зборува англискиот јазик. 

Истражувачки интереси: процена од областа на специјалната едукација и рехабилитација, инклузивно образование, специфични тешкотии во учењето.